Шкендија го испроба мегданот во Хелсинки (ФОТО)

Македонскиот вицепрвак Шкендија се запозна со условите за игра на стадионот на Хелсинки, каде утре, со почеток во 18 часот, ќе го игра реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на Европа. Тимот на Ќатип Османи има два гола предност (3-1) од првиот меч одигран во Струмица, но тоа не значи и дека ќе може да се опушти на гостувањето во Финска.

skendija trening helsinki 1

Сепак, доколку Шкендија одигра квалитетно како на првиот натпревар, многу поблиску е до пласман во следната рунда од ова европско натпреварување, каде за ривал ќе го има шведскиот Норчепинг.

skendija trening helsinki 2

Се вчитува...