Шкендија го „мерка“ Дамчевски како замена за Бејтулаи

Шкендија вчера означи старт на подготовките за вториот дел од сезоната, во кои тетовци ќе бидат ослабени со заминувањето на Егзон Бејтулаи. Раководството на македонскиот првак е во потрага по наследник на македонскиот репрезентативец, а како сериозна опција се наметна Александар Дамчевски.

Станува збор за фудбалер кој пред неколку години настапуваше и за националниот тим, кој има настапувано во неколку различни лиги ширум Европа. Последен клуб на Дамчевски беше Арарат во Ерменија, од каде дефанзивецот си замина неодамна, па зимава може како слободен играч да се приклучи на Шкендија.

Тетовци по првиот дел од сезоната заостануваат осум бода зад Вардар, па јасно е дека пред Шкендија е сериозен предизвик доколку овој тим сака да ја одбрани титулата во македонското првенство.

Се вчитува...