Шкендија го одработи тренингот во Мурска Собота: Оптимизам пред реваншот со Мура

Фудбалерите на Шкендија вечерва го одработија официјалниот тренинг во Мурска Собота пред утрешниот реванш натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Избраниците на Ернест Ѓока со негатива од 0-1 по првиот натпревар на кој загубија во Скопје го очекуваат утрешниот реванш, но полни оптимизам дека може да се надополни негативата и согласно првичните планирања Шкендија да обезбеди место во следната рунда натпревари на европската сцена.

Натпреварот меѓу Мура и Шкендија утре се игра од 20 часот, а согласно најавите на домаќините се очекува присуство на околу 4.000 навивачи. Капацитетот на стадионот во Мурска Собота изнесува 5.500 седишта, но поради пандемијата во продажба беа пуштени 4.000 билети.

Се вчитува...