Шкендија го победи Работнички, Струга ТЛ лесно против Вардар, Брегалница во 94. минута и „украде“ победа на АП Брера (ВИДЕО)

Шкендија го победи Работнички со 2-0 во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига по што се израмни повторно на врвот со Шкупи кој ремизираше без голови против Гостивар. Струга ТЛ, пак, без поголеми проблеми славеше со 1-3 на гостувањето против Вардар, а Тиквеш со убедливи 0-3 ја победи Воска Спорт во Охрид.

Брегалница со голот на Роналдо Вебстер во 94. минута успеа да и „украде“ победа на АП Брера во Струмица, за конечни 1-1.

Стружани поведоа против Вардар со голот на Згуро од пенал уште во 3. минута од натпреварот…

Веќе во 8. минута Таири стрелаше и за 0-2 за актуелниот македонски шампион…

Но, Вардар успеа да се врати во игра на мечот откако Милосавиќ во 31. минута со гол од пенал успеа да ја намали предноста на гостите.

Сепак, во второто полувреме Компаоре погоди уште еднаш за гостите за конечен триумф од 1-3.

Шкендија го победи Работнички со 2-0, кој во вториот натпревар под водство на Гоце Седлоски е без победа, со само еден бод од двата меча.

Фудбалерите на Тиквеш триумфираа убедливо со 0-3 на гостувањето против Воска Спорт во Охрид. Голот за предност на кавадарчани на натпреварот кој се одигра по дождливо време во Охрид го донесе Иван Ивановски во 27. минута откако без поголеми проблеми лесно стрелаше од непосредна близина во мрежата на домашните…

Во вториот дел Спахиу во 76. минута зголеми на 0-2, а Ивановски со својот втор гол ги постави конечните 0-3.

АП Брера во Струмица испушти триумф над Брегалница ремизирајќи 1-1. Стрелец на водечкиот гол за домашните беше Матеј Цветаноски во 44. минута. Но, штипските „сини“

Македонија ЃП триумфираше против Силекс, исто така минимално со 1-0, со голот на Самир Фазли во 83.минута од средбата.


ПРВА ЛИГА – 16. КОЛО
Струмица: ГОСТИВАР – ШКУПИ 0-0
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1-0
Фазли 83′
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2-0
Шала 58′, Тотре 90’+2
Струмица: АП БРЕРА – БРЕГАЛНИЦА 1-1
Цветаноски 44′ – Вебстер 90’+4
Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 1-3
Милосавиќ 28′ (п) – Згуро 3′ (п), Таири 8′, Компаоре 62′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ТИКВЕШ 0-3
Ивановски 27′, 80′, Спахиу 76′

Се вчитува...