Шкендија го потпиша голманот на Гамбија

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија го официјализираше ангажманот на голманот Бабукар Гаје, име со меѓународна тежина кое доаѓа како стандарден голман на гамбиската репрезентација.

27-годишникот, роден во Германија и со германско државјанство, е производ на реномираната германска школа за голмани. Својата кариера ја започнаво младинските категории на Билефелд, за потоа да продолжи во Арминија Билефелд, потоа во вториот тим на Штутгарт, како и во ТУС Кобленц.

Гaje избрал да ја претставува гамбиската репрезентација, од каде што потекнува, и со години е неразделен дел од репрезентацијата, каде што бeше стартер и на Африканскиот куп на нации. Минатата сезона беше дел од Воска Спорт, додека претходно играше и за Локомотив Софија во бугарското првенство.

Се вчитува...