Шкендија го продолжува европското лето: Прескокнат и Хелсинки…!

Тетовска Шкендија се пласираше во 3. квалификациско коло за Лигата на Европа, откако одигра без победник (1-1) на гостувањето против Хелсинки, сосема доволно по првиот триумф од 3-1 во Струмица за елиминација на Финците, и за четврти натпревар без пораз ова лето на европската сцена. Во третата рунда натпревари во Лигата на Европа, Шкендија го очекува подобриот од пресметката меѓу литванската екипа Тракаи и шведски Норчепинг во чии редови настапува македонскиот репрезентативен голман Давид Митов Нилсон. Тракаи и Норчепинг во моментов играат продолженија откако Литванците во регуларниот дел стигнаа до идентична победа од 2-1 пред својата публика.

Во максимално израмнет натпревар, Хелсинки ја контролираше играта во првиот дел но без некои поизразени шанси. Во едно такво издание, сепак домашните до предност стигнаа во 28. минута кога по корнерот од левата страна, Марјан Радески неспретно реагираше пред својот гол постигнувајќи автогол за водство нд Хелсинки од 1-0…

Goal HJK 1 – 0 KF Shkendija by taftadarka2016

Веднаш, веќе во 32. минута Радески имаше 100% шанса на спротивната страна но не успеа да реализира за израмнување.

Во второто полувреме, Шкендија максимално ја неутрализираше играта на Финците, создавајќи неколку убави можности кои не успеа да ги искористи. За да сосема заслужено израмнувањето следи во 71. минута преку Челиковиќ…

Goal Celikovic I. (1:1) HJK Helsinki vs Shkendija by ylberenexhipi

До крајот Шкендија само рутински го зачува ремито (1-1) за вкупна победа против Хелсинки во двомечот од 4-2.

За македонскиот тим сега останува само да го дознае противникот за следната рунда натпревари, шведски Норчепинг и литвански Тракаи.

ЛИГА ЕВРОПА – 2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО (реванш меч)

ХЕЛСИНКИ (ФИН) – ШКЕНДИЈА 1-1 (1-0)

Прв натпревар: 1-3

Стадион на Хелсинки во Хелсинки. Гледачи: 5.000. Главен судија: Гунар Јонсон (Исланд). Стрелци: Радески 28′(аг) (Х), Челиковиќ 71′ (Ш). Ж. картони: Оново, Јаласто (Х).

ХЕЛСИНКИ: Дахне, Пиринен, Јагоби, Рафиња, Салаж, Јаласто, Оново, Анан, Јалов, Пелвас, Обилор

ШКЕНДИЈА: Захов, Тодоровски, Челиковиќ, Бејтулаи, Цуцули, Алими, Вујчиќ (79′ Бојку), Хасани, Радески, Абдурахими (66′ Тотре), Ибраими

Се вчитува...