Шкендија го промовираше Андре Менсалао

Шкендија денеска го промовираше второто ново име во своите редови. Станува збор за бразилскиот интернационалец Андре Менсалао, кој во тетовскиот тим ќе остане во следните година и пол. Станува збор за централен играч за врска, но може да игра и во офанзивниот дел од средниот ред.

За Менсалао ова е второ искуство во Европа, откако во 2021 година играше во Ерменија, а претходно настапуваше во клубови од неговиот роден Бразил.

„Среќен сум што сум во Тетово и што станав дел од Шкендија. Видов нешто од игрите на тимот, и Шкендија игра брз и напаѓачки фудбал и мислам дека тоа ми одговара. Доаѓањето тука е нов предизвик за мене да ги покажам моите квалитети“, изјави Менсалао.

Вчера тетовскиот тим го промовираше Михаил Маневски за прво засилување на екипата.

Се вчитува...