Шкендија го врати Мевљан Адили во своите редови (ФОТО)

По ангажманот на новиот тренер Ардијан Нухиу, Шкендија стартуваше и со засилувањата за новата сезона враќајќи го своите редови искусниот дефанзивец Мевљан Адили.

29-годишниот Адили, по своите одисеи во Албанија, Литванија и во Русија, сега повторно се враќа во Шкендија каде настапуваше претходно во два наврати до 2019 година, потпишувајќи двегодишен договор со црвено-црните.

„Среќен сум што повторно сум во Шкендија, средина која доста добро ја познавам. Свесен сум што бара овој клуб и се надевам дека ќе ги постигнеме целите. Да бидам искрен, секогаш ми се допаѓа овој клуб. Дури и кога заминав од Шкендија, тоа ми остави добар впечаток, бидејќи има некои работи што се многу организирани овде. Доаѓам во Шкендија да станам шампион, а со Божја помош се надевам ќе се случи чудо и ќе се избориме за групна фаза во УЕФА Конференциската лига“, изјави Адили веднаш по официјализирањето на договорот со Шкендија.

Минатата сезона Адили играше со Билиш во албанската Суперлига, откако претходно беше во Русија во СКА Хабаровск. Во сезоната 2019/20 беше меѓу најдобрите во Албанија како член на Влазнија. Претходно во Литванија играше во Жалгирис, УТА БД беше неговото искуство во Романија, а во три наврати беше дел и од Шкупи.

Се вчитува...