Шкендија и во реваншот поразена од Хајдук во младинската ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкендија загубија и во реваншот против Хајдук Сплит (3-1) во првото коло од младинската Лига на шампиони.

Откако во првиот меч на домашен терен беа поразени со 0-2, младите тетовци доживеаја пораз и на гостувањето на „Полјуд“.

Стрелци за хрватскиот тим беа Антуновиќ, Чуриќ и Брклјаца, додека единствениот погодок за Шкендија беше дело на Хамза.

Се вчитува...