Шкендија минимално ја доби Брегалница, Шкупи со „петарда“ за Пелистер, тешки три бода за „пандевци“… (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 14. КОЛО….

Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

Цаке 57′

Скопје: ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (5-0)

Цветановски 11′, 41′, Маркоски 37′, Ѓоргиевски 54′, Чешмеџиев 85′

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ТИКВЕШ (3-2)

Мирчевски 37′(п), 82′, Радиќ 60′ – Каракамишев 39′, Нгоба 77′

Тетово: ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА (1-0)

Кривак 61′

Велес: БОРЕЦ – РЕНОВА (1-4)

Ѓорѓиев 86′ – Мустафов 11′, Селмани 14′, 64′, Перез 26′

ВЧЕРА

СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-2

====================================================================================

  • Крај и на последните два денешни натпревар од 14. коло во ПМФЛ. Струга ТЛ минимално со феноменалниот гол на Цаке победи со Работнички, а Ренова убедливо со 1-4 го победи Борец во Велес
  • Академија Пандев со два гола на Мирчевски успеа да дојде до тешка победа од 3-2 против Тиквеш
  • „Петарда“ од Шкупи за Пелистер со головите на Цветаноски, во два наврати, Маркоски, Ѓоргиевски и Чешмеџиев
  • Крај на натпреварот во Тетово, минимална победа на Шкендија над Брегалница од 1-0 со гол на Кривак во 61. минута.

АК. ПАНДЕВ – ТИКВЕШ (3-2)

3-2 – 88′ – 100% шанса за Тиквеш. Нгоба сам пред голот на домашните, но од само 7-8 метри шутира покрај десниот дирек!!!

БОРЕЦ – РЕНОВА (1-4)

1-4 – 86′ – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ. Ѓорѓи Ѓорѓиев постигнува почесен погодок за домашните

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (5-0)

5-0 – 85′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. И Чешмеџиев се запишува во листата на стрелци за „петарда“ на Шкупи против битолчани

АК. ПАНДЕВ – ТИКВЕШ (3-2)

3-2 – 82′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Брза акција на домашните, Мирчевски избива сам пред голот на Тиквеш и погодува за 3-2

АК. ПАНДЕВ – ТИКВЕШ (2-2)

2-2 – 77′ – ГООООЛ ЗА ТИКВЕШ. Мешаница пред голот на Академија Пандев, и Нгоба најснаодлив од неколку метри погодува за 2-2

БОРЕЦ – РЕНОВА (0-4)

0-4 – 64′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Селмани го постигнува и вториот свој гол на мечот, за убедлива предност на „гипсарите“

ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА (1-0)

1-0 – 61′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Нафрлување од левата страна, Кривак на вториот дирек со глава погодува во мрежата на Брегалница


АК. ПАНДЕВ – ТИКВЕШ (2-1)

1-0 – 60′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. По нафрлањето од корнер од левата страна, Радиќ со глава носи предност од 2-1 за „пандевци“, и покрај тоа што играат со играч помалку

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – 57′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Неверојатен погодок на Клисман Цаке, кој директно од слободен удар од 20 метри на извонреден начин погодува во горниот лев агол од голот на Работнички


ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (4-0)

4-0 – 54′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. По корнерот од десната страна, Ѓоргиевски со глава од неколку метри погодува за убедливо водство на чаирчани

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 14. коло во ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (3-0)

3-0 – 41′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Прекрасен гол на Цветаноски кој со шут од 25 метри погодува во мрежата на пелистерци


АК. ПАНДЕВ – ТИКВЕШ (1-1)

1-1 – 39′ – ГООООЛ ЗА ТИКВЕШ. По слободниот удар од левата страна, на вториот дирек од голот на домашните Каракамишев од неколку метри стрела за израмнување

АК. ПАНДЕВ – ТИКВЕШ (1-1)

1-0 – 37′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Мартин Мирчевски од пенал носи водство за „пандевци“

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (2-0)

2-0 – 37′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Убава акција на чаирчани која со погодок ја заокружува Кире Маркоски


БОРЕЦ – РЕНОВА (0-3)

0-3 – 26′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. И Перез се запишува во листата на стрелците за Ренова која веќе води убедливо во Велес

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

24′ – Одлична шанса за Трапановски по десната страна, но неговиот шут го брани гостинскиот голман

ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

25′ – Убав шут на Рамадани од 15 метри, но Денковски брани од под самата греда на својот гол

ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

!!! – 21′ – ПРОМАШЕН ПЕНАЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Гури соборен во гостинскиот шеснаесетник, а Денковски одлично го брани ударот на Дориев од белата точка!


БОРЕЦ – РЕНОВА (0-2)

0-2 – 12′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. „Гипсарите“ преку погодокот на Селмани брзо поведуваат и со 0-2 во Велес

БОРЕЦ – РЕНОВА (0-1)

0-1 – 11′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Брз контранапад на гостите, Мустафов излегува сам пред домашниот гол и стрела за 0-1


ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 11′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Неуспешна офсајд замка на пелистерци, па Цветановски сам пред голот стрела од непосредна близина


ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

7′ – Убава можност за Шкендија, но Денковски интервенира пред својот гол

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 14. КОЛО ВО ПМФЛ

  • Познати се составите за пресметката во Тетово меѓу Шкендија и Брегалница

====================================================================================

На натпреварите од денешното 14. коло од ПМФЛ, најинтересната пресметка во Тетово каде Шкендија ја пречекува Брегалница. Шкупи се чини има лесна задача со Пелистер, а Академија Пандев на мегдан со Тиквеш.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...