Шкендија минимално поразена од Целје

Фудбалерите на Шкендија претрпеа минимален пораз од 1-0 против словенечкиот прволигаш Целје, во рамките на својот трет пријателски натпревар за време на летните подготовки.

Мрежите мируваа во првото полувреме, а прашањето на победникот беше решено во финишот од средбата. Единствениот погодок на мечот го постигна Суховрсник во 80. минута.

За тетовските „црвено-црни“ ова е втор пораз во Словенија, по претходниот неуспех против сплитски Хајдук (0-4). Избраниците на Шкендија на овие подготовки имаат и една победа, остварена на стартниот дуел против Копер со 2-1.

Се вчитува...