Шкендија му даде отказ на Ќатип Османи

Актуелниот македонски фудбалски првак Шкендија се раздели со тренерот Ќатип Османи. По очајниот старт на новата сезона во Првата фудбалска лига, но и лошиот настап на европска сцена изминатово лето, раководството на Шкендија одлучи да му даде отказ на Османи, кој има шампионско минато со клубот. Сепак, оваа сезона резултатите не тргнаа во посакуван правец.

„ФК Шкендија објавува прекин на соработката со стручниот штаб. Анализирајќи ги актуелните состојби и негативните резултати во изминатиот период, менаџментот на клубот одлучи да го отпушти стручниот штаб предводен од Ќатип Османи. Шкендија му благодари на Ќатип Османи за историските постигнувања во изминатите години и му посакува се најдобро во иднина. До именување на нов шеф на стручниот штаб, со тимот ќе раководи Ерхан Селими“, се вели во известувањето од ФК Шкендија.

Актуелниот првак по четири одиграни кола во првенството на Македонија има само еден освоен бод и се наоѓа на последната позиција на табелата. Денеска Шкендија загуби од Борец со 1-0 на гостувањето во Велес.

 

Се вчитува...