Шкендија на одмор до 5. јануари

Актуелниот првак Шкендија го заокружи есенскиот дел од првенството на втората позиција на табелата со 28 бода, осум помалку од лидерот Вардар. Тренерот Ернест Ѓока веднаш ги ослободи фудбалерите и им даде одмор до 5.јануари, кога тимот ќе ги започне подготовките за вториот дел од сезоната.

Според првичниот план, Шкендија првиот дел од зимските подготовки ќе го одработи во Тетово, а од 23.јануари до 8.февруари ќе замине во Анталија, каде ќе одигра неколку контролни натпревари. Раководството на клубот ќе се обиде и да го засили составот со неколку нови фудбалери.

Се вчитува...