Шкендија не се предава: Во Словенија по резултат за продолжување на европското лето

И покрај негативата од 0-1 по првиот натпревар во Скопје, фудбалерите на Шкендија максимално оптимистички го очекуваат реванш дуелот против Мура во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Тетовци веруваат дека вечерва во Мурска Собота може да ја анулираат предноста на Словенците и да дојдат до следната рунда европски натпревари, и покрај тоа што се свесни дека ќе биде повеќе од тежок дуел.

„Мислам дека заслуживме многу подобар резултат во Скопје, но нереализацијата не доведе до ситуација сега во Словенија да бркаме негатива. Создадовме огромен број на шанси но не искористивме ниту една од нив. Мислам дека имаме сериозни шанси да минеме понатаму затоа што видовме и самите за каков противник се работи. Треба само да ја одиграме нашата игра, да ги искористиме шансите во нападот и во тој случај верувам дека можеме до резултат за второ коло“ – вели Камер Џака пред денешниот дуел.

Натпреварот меѓу Мура и Шкендија на стадионот „Фазанерија“ во Мурска Собота се игра денеска со почеток од 20 часот.

Се вчитува...