Шкендија никако да проработи како што треба, Ѓока не знае што се случи во Струга

Шкендија никако да проработи како што треба. По претходната убедлива победа над Ренова од 6-1 се очекуваше бранителот на титулата да продолжи во ист стил до крајот на есенскиот дел, но следеше „студен туш“ во Струга.

Сосема очекувано незадоволен од поразот (2-1) од Струга Трим Лум е и шефот на стручниот штаб Ернест Ѓока кој, како што вели, едноставно не знае што се случи во второто полувреме на дуелот покрај Охридското езеро.

„Со големо внимание се подготвуваме за овој натпревар и во ниту еден момент не помисливме дека ќе биде лесно. Првиот дел помина како што посакувавме. Го контролиравме мечот, имавме водство и не дозволивме ниту едно возбудување пред нашиот гол. Во второто полувреме не знам што се случи. Почнавме да грешиме каде што не требаше и примивме два погодоци по наша вина. Добро ни тргна периодов и требаше да победиме и да го искористиме ремито на Вардар и уште повеќе да се доближиме до врвот на табелата“ – вели Ѓока.

Се вчитува...