Шкендија од денеска во „погон“, шампионот се раздели со Чака

Шкендија ја заврши зимската пауза, и од денеска одново се вклучи во „погон“. Шампионот на пролет со неколку измени во играчкиот кадар ќе атакува кон одбрана на шампионскиот трофеј, иако мисијата ќе биде многу тешка затоа што Шкупи има  огромна предност на  табелата.

Избраниците на Бруно Акраповиќ денеска ја имаа прозивката во Тетово, каде што екипата ќе се подготвува неколку дена, а потоа заминува во Анталија на 22. јануари.

Од таборот заминаа Алими, Хебај и Чака, додека прва „принова“ во зимскиот трансфер преоден рок е Михаил Маневски од таборот на Брегалница. Сигурно дека во таборот на Шкендија ќе има уште неколку нови имиња кои ќе бидат познати низ текот на подготовките. Во Анталија се предвидени и неколку контроли, со цел воигрување на екипата пред пролетниот дел.

Се вчитува...