Шкендија отпатува за Рига за мечот во Конференциската лига (ФОТО)

Фудбалерите на Шкендија утрово отпатуваа за Рига каде утре ги очекува првиот натпревар од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига против истоимениот тим.

По елиминацијата од словенечна Мура во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, тетовци сега ги продолжуваат европските натпреварувања во Конференциската лига.

Натпреварот меѓу Рига и Шкендија утре во главниот град на Летонија се игра со почеток од 19 часот.

Доколку Шкендија ја мине Рига тогаш во 3. квалификациско коло ја очекува повеќе од лесна задача против подобриот од мечот меѓу Фолгоре од Сан Марино и Хибернианс од Малта.

Се вчитува...