Шкендија под Триглав го дознава противникот за ЛШ: Да се избегнат Ференцварош и Клуж

Македонскиот шампион, екипата на Шкендија денеска од 14:30 часот по ждрепката во Нион ќе го дознае својот противник во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Тетовци во моментов се на подготовки во Крањска Гора, па под Триглав ќе го дознаат името на клубот со кој ќе ја стартуваат летната европска одисеја. Шкендија, како носител, доби релативно тешка група-можни противници од групата аутсајдери во која се и романски Клуж, како и унгарски Ференцварош. Уште се и Судува од Литванија, како и Арарат од Ерменија и Номе Калју од Естонија.

МОЖНИТЕ ПРОТИВНИЦИ НА ШКЕНДИЈА ЗА 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ОД ЛШ

Судува (Литванија)

Клуж (Романија)

Ференцварош (Унгарија)

Номе Калју (Естонија)

Арарат (Ерменија)

Се вчитува...