Шкендија подготвена за Хелсинки (ВИДЕО)

Македонскиот вицепрвак Шкендија утре, со почеток во 18 часот, во Струмица ќе го пречека Хелсинки, во рамките на второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Тренерот Ќатип Османи и фудбалерите го одработија последниот тренинг на стадионот „Младост“ и се надеваат дека ќе ја повторат играта од првиот дуел против Дачија. Тогаш славеа со 3-0, и секако дека со таков епилог би биле презадоволни по утрешниот натпревар со финскиот тим.

Се вчитува...