Шкендија потпиша нов договор со голманот Беким Реџепи

Македонскиот првак Шкендија го задржа во своите редови 22-годишниот голман Беким Реџепи. Тој потпиша нов договор и ќе остане во клубот од Тетово до 2023 година. Новата соработка е договорена со опцијата ’2+2 години’.

„Член сум на најдобриот клуб во државата и среќен сум што раководството и стручниот штаб имаат доверба во моите квалитети. Ќе се трудам да го давам мојот максимум и понатаму и сакам да се надградувам во Шкендија. Продолжувањето на договорот за мене ќе биде дополнителен мотив да работам напорно и да учествувам во идните успеси на Шкендија“, изјави Беким Реџепи за клупскиот сајт.

Се вчитува...