Шкендија потпиша со Нигериецот Вакили

Алма Вакили е најновото засилување на Шкендија, во обидот на тетовскиот клуб уште повеќе да ги засили своите редови за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона.

Станува збор за 21-годишен фудбалер кој пристигнува од Тракаи од Литванија, ривал со кого Шкендија се сретне во рамките од квалификациите за Лигата на Европа оваа сезона. Тој доаѓа во редовите на тетовскиот клуб на местото на Челиковиќ и би требало да биде стартер на позицијата лев бек во тимот на Ќатип Османи.

Пред Вакили, Шкендија потпиша договори и со Мевљан Адили, Саладим Мустафи и Сабит Билјали, а во завршна фаза е и трансферот на репрезентативецот Муслиу, кој првиот дел од сезоната го мина во Вардар, но преку Приштина ќе заврши во редовите на Шкендија.

Се вчитува...