Шкендија повторно оптоварена и со Ковид-19 на мегдан против Ренова!?

Шкендија со нови проблеми пред продолжението на сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Тетовци, по последните тестови, според неофицијалните информации повторно се соочуваат со позитивни на Ковид-19 во своите редови непосредно пред денешниот натпревар со Ренова од 13:30 часот на Градскиот стадион во Тетово.

Токму поради тоа стратегот Ернест Ѓока ќе мора да комбинира со составот, по изолацијата на дел од фудбалерите изминативе денови. Сепак, повеќе од јасно е дека, без разлика во каков состав ќе настапи, Шкендија атакува на трите бода во обидот за задржување на лидерската позиција. Од таборот на тетовци, пак, информираат дека поради повреди за денешниот натпревар нема да може да се смета на Антонио Павиќ, Меџит Незири, Валмир Нафиу, Беким Реџепи како и еден од најдобрите фудбалери Валон Ахмеди.

Од друга страна, изненадување посакува Ренова која ја очекува тешка битка за опстанок…

„Секако дека предизвик е да се игра на еден ваков натпревар против тим како Шкендија. Ние сме максимално подготвени од сите можни аспекти. Многу добро знаеме каков противник не очекува, но ние како тим имаме свои цели и амбиции. Посакуваме три бода и се надевам дека ќе успееме да ги освоиме“ – вели еден од најголемите таленти на Ренова, 18-годишниот офанзивец Фестим Ебиби.

ПРВА ЛИГА – 11. КОЛО (денеска, 13:30 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

Тетово: РЕНОВА -ШКЕНДИЈА

Велес: БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР

Струмица: АК. ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА

Струга: СТРУГА ТЛ – ВАРДАР

УТРЕ (13:30 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП

Се вчитува...