Шкендија пред договор со Анел Рашкај?

Актуелниот македонски шампион Шкендија со неколку засилувања ќе се обиде да го освежи составот на Ернест Ѓока за вториот дел од шампионатот, со намера да ја анулира негативата на табелата во однос на Вардар. По ангажманот на Валон Ахмеди, клубот од Тетово е во преговори со косовскиот фудбалер Анел Рашкај. Се работи за 30-годишен играч за врска кој во моментот е слободен агент, а треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред.

Најголем дел од кариерата тој играше во шведскиот Халмштад и во норвешкиот тим Санднес, а сезоната 2018/19 ја мина во Ескилстуна. Во 2017 година настапуваше и за Приштина.

На излезна врата од Шкендија е играчот од средниот Зени Хусмани на кого му е понуден спогодбен раскин на договорот.

Се вчитува...