Шкендија преку Хелсинки оди на Норчепинг или Тракаи

Екипата на Шкендија во случај на пласман во третото квалификациско коло од Лигата на Европа ќе се сретне со Норчепинг или со Тракаи. Македонскиот вицешампион има предност од 3-1 по првиот дуел со Хелсинки, а доколку избраниците на тренерот Османи ја одбранат оваа позитива, во следниот дуел ќе се сретнат со подобриот од двомечот Норчепинг – Тракаи. Швеѓаните барем на хартија се фаворити, но на првиот меч на домашен терен славеа само со 2-1, па Тракаи има шанси на реваншот во Литванија да приреди изненадување.

Првиот натпревар Шкендија би го играла на гостински терен на 27 јули, а реваншот би бил на програмата на 3 август.

Norceping - Skendija

Само за потсетување, тетовци минатата сезона стигнаа до четвртата квалификациска рунда од квалификациите за Лигата на Европа, елиминирајќи ги Нефчи од Азербејџан, Краковија од Полска и Млада Болеслав од Чешка, пред да бидат елиминирани од екипата на Гент.

Се вчитува...