Шкендија против Пелистер за потврда на есенската круна, Работнички против Борец за бегство од опасната зона

Фудбалерите на Шкендија веќе ја осигураат есенската шампионска круна, но во последното коло од првиот дел од сезоната дефинитивно посакуваат со победа против Пелистер на домашен терен на најдобар можен наин да ја заокружат првата етапа.

Избраниците на Ернест Ѓока се сигурни дека може до трите бода против Пелистер, иако битолчани нема да бидат воопшто лесен противник поради силната борба за опстанок кои ги очекува сезонава.

Интересен дуел и во Скопје каде Работнички ќе го пречека Борец на националната арена „Тодор Проески“. За „романтичарите“ трите бода се неопходни како би побегнале од опасната зона, и нешто помирно би се впуштиле во пролетниот дел од шампионатот.

ПМФЛ – 18. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Скопје: ШКУПИ – СТРУГА ТЛ

Струмица: БЕЛАСИЦА – ВАРДАР

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА

Кратово: СИЛЕКС – АК. ПАНДЕВ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР

Се вчитува...