Шкендија прва ги „пали моторите“ во 2018: Стартот утре во 13 часот

Есенскиот првак Шкендија ќе биде првиот тим од македонските прволигаши кој работно ќе ја стартува 2018 година. Утре, со почеток во 13 часот, тренерот Ќатип Османи ќе ја изврши првата прозивка на фудбалерите, по што ќе започнат и зимските подготовки на тетовскиот тим.

Планот на подготовки ќе се одвива во три фази. Првичните активности ќе бидат во Тетово, потоа тимот ќе замине во Охрид, а главниот дел од подготовките ќе се реализира во Анталија, Турција.

Оваа зима од редовите на Шкендија си заминаа Штефан Вујчиќ, Иван Челиковиќ и Илир Адили.

Се вчитува...