Шкендија раскина со Јуфо, Таипи и Асани на позајмица во Шкупи

Неполни 24 часа по убедливата победа над Дачија во квалификациите за Лигата на Европа, челниците на Шкендија се активни околу намалувањето на играчкиот кадар, на оние фудбалери на кои тренерот Османи нема да смета во претстојната сезона. Така, Бразилецот Јуфо повеќе не е член на македонскиот вицепрвак откако Шкендија реши да го раскине договорот со овој фудбалер.

Причината за ваквиот развој на настаните е взаемниот договор меѓу стручниот штаб и фудбалерот, со што Јуфо може да замине во клуб каде би играл редовно. Му благодариме на Бразилецот за неговиот придонес додека настапуваше за нашата екипа – соопштија од раководството на тетовскиот клуб.

Шкендија исто така информираше дека двајца млади фудбалери на овој тим, играчот за врска Шкиприм Таипи и напаѓачот Шпенд Асани, во следните шест месеци ќе настапуваат како позајмени во прволигашот Шкупи.

Се вчитува...