Шкендија рутински против Скопје: Два гола за тетовци, два црвени картони за скопјани (ВИДЕО)

Шкендија ја запиша првата победа во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, триумфирајќи со 2-0 против Скопје во заостанатиот натпревар од 1. коло.

Дуелот кој се игра во Струга, поради суспензијата на теренот во Тетово, сепак беше одбележан од двата црвени картони во таборот на скопјани во период од само четири минути уште во првото полувреме.

Шкендија, пак, до предноста од 1-0 дојде со голот на Бразилецот Вагнер Гонсалвес уште во 6. минута од средбата, кој убаво изведе слободен удар од 20 метри.

Со двајца играчи повеќе во второто полувреме беше далеку полесно за тетовци.

Па, во 62. минута по нафрлувањето на Дориев од левата страна, Сабит Биљали ги постави конечните 2-0.


Шкендија сега има 4 бода по две кола, по претходното реми (1-1) со Силекс.

Се вчитува...