Шкендија се пресели во Крањска Гора, следат финалните подготовки за ЛШ (ФОТО)

Фудбалерите на Шкендија од денеска веќе се во Крањска Гора, Словенија, каде ќе бидат реализирани финалните подготовките за настапите во квалификациите за Лигата на шампионите.

Тетовци се сместени во хотелот „Рамада“ во Крањска Гора кој ќе биде нивна база во следните две недели.

Во Словенија е планирано одигрување и четири тест дуели. Стартот е со словенечка Олимпија на 19. јуни, потоа против Злин од Чешка на 23. јуни и против словачка Жилина на 27. јуни. Се очекува дефинирањето на последниот противник за 1. јули.

Се вчитува...