Шкендија се раздели од уште двајца фудбалери

Шкендија продолжува со формирање на ростерот за наредната сезона, во која тетовскиот тим ќе биде без услугите на уште двајца фудбалери од сегашниот играчки кадар.

Актуелниот првак на Македонија денеска го потврди прекинот на соработката со Зија Мерџани и со Ристо Јанков, кои летово ќе ги сменат клупските бои.

„Мерџани и Јанков веќе не се дел од Шкендија, благодарни сме им на двајцата фудбалери за придонесот додека го носеа дресот на нашиот клуб. Договорот на Мерџани истече на крајот од сезонава и тој не ја прифати нашата понуда за продолжување. Во случајот на Јанков, тој имаше договор, но како клуб решивме да му овозможиме предвреме да си замине во екипа каде би имал поголема минутажа“, објави Шкендија на официјалната веб-страница.

Се вчитува...