Шкендија се раздели со петмина…Бејтулаи, Хусмани, Шефити, Бериша и Мустафи

Репрезентативецот Егзон Бејтулаи ја напушта Шкендија, потврди клубот на официјалниот сајт. Тој го одработи договорот со актуелниот првак и заминува како слободен агент. До крајот на зимскиот преоден рок се очекува да направи трансфер во странство, а за него има интерес од клубови од Турција, Белгија и од Унгарија. Исто така има и кинеска понуда.

Шкендија објави дека покрај Бејтулаи во пролетниот дел од сезоната во тимот нема да бидат и Зени Хусмани, кој спогодбено го раскинува договорот со клубот од Тетово, како и Шефит Шефити, Јакуп Бериша и Салејдин Мустафи, кој ја завршува кариера и почнува со тренерски ангажман во академијата на клубот.

Фудбалерите на Шкендија во две групи заминуваат на медицински тестови во Приштина, а потоа ќе тренираат во Тетово до 23.јануари. Следната фаза до 8.февруари ќе биде реализирана во Анталија, Турција.

 

Се вчитува...