Екипата на Шкендија продолжува со сериозните засилувања во зимскиот преоден рок, официјално промовирајќи го како свое ново име и левокрилниот дефанзивец Клисман Цаке.
22-годишниот дефанзивец во редовите на Шкендија доаѓа од Струга ТЛ, а беше еден од најдобрите во македонскиот шампионат во есенскиот дел од сезоната.
Шкендија, како што е познато, претходно ангажираше уште четворица нови фудбалери. Во црвено-црните редови се врати Ферхан Хасани, а новитети се Андре Месалао и Михаил Маневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА