Шкендија се засилува и со Ералдо Чинари од турски Самсунспор

Левокрилниот офанзивец Ералдо Чинари се очекува да биде следното засилување за Шкендија за пролетниот дел од сезоната во македонскиот шампионат.

25-годишниот албански интернационалец, поранешен младински репрезентативец на Албанија, изминатава сезона настапуваше за турски Самсунспор а сега би настапувал во редовите на Шкендија како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Шкендија и натаму е во преговори и за ангажман на албанскиот репрезентативец Одисе Роши, кој е поранешен фудбалер на Келн, а во моментов е фудбалер на турски Болуспор.

 

Се вчитува...