Екипата на Шкендија е на подготовки во Словенија, каде што се подготвува за европските предизвици, односно првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Тетовскиот тим за таа цел во Словенија ќе одигра четири пријателски натпревари, со романски, бугарски и словенечки тимови.
Првата контрола на Шкендија е закажана за 17. јуни против екипата на Аргеш Питешти од Романија во Зрече. Вториот тест ќе биде против словенечки Копер на 21. јуни, а потоа следува и пријателски меч против ЦСКА Софија на 25. јуни. Серијата на контроли тетовскиот тим ја затвора со меч против Олимпија на 28. јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА