Шкендија со „два во кец“ до триумф против Серед

Шкендија стартуваше со победа на подготовките во Анталија, триумфирајќи во првиот пријателски натпревар против словачкиот прволигаш Серед со 3-2 (1-2).

Тетовци до победата дојдоа со пресврт откако Словаците по само 25 минути игра поведоа со 2-0. Но, во 32. минута Бесарт Ибраими успеа да намали на 1-2.

Во вториот дел далеку подобра игра на Шкендија која комплетно доминираше на натпреварот. Па, по акцијата на Бесарт Ибраими, во 56. минута Марјан Радески го израмнува резултатот, а веќе во 64. минута Садриу по корнерот од десната страна носи целосен пресврт и победа од 3-2.

Следниот пријателски натпревар на Шкендија е против чешката Карвина на 30. јануари.

Се вчитува...