Шкендија со играч помалку и негатива од два гола на полувреме против Мура (ВИДЕО)

Шкендија најверојатно ќе го заврши настапот во квалификациите во Лигата на шампионите уште во 1. коло, откако на полувреме на реваншот против Мура во Словенија има негатива од 2-0 и играч помалку.

Домаќините поведоа со голот на Бобиниќ во 25. минута. Кривак со два жолти картони во за само три минути од 39. до 42. минута ги стави своите соиграчи во дополнителни проблеми, а во судиското продолжение од првиот дел домаќините дојдоа до водство и од 2-0 со вториот гол на Бобичанец.

За потсетување првиот меч во Скопје заврши со пораз на Шкендија од 0-1.

 

Се вчитува...