Шкендија со популарен потег: Милан ќе се гледа и за 400 денари

Шкендија од денеска ги пушти во продажба билетите за квалификацискиот натпревар против Милан кој на 24. август треба да се одигра на „Телеком арената“ во Скопје.

Раководството на Шкендија се одлучи да им понуди на своите навивачи и љубителите на фудбалот популарни цени на билетите кои се движат од 400 до 1.000 денари, во зависност од трибината на арената и позицијата.

bileti skendija

Поради големиот интерес билетите се пуштаат порано во продажба, најпрво преку онлајн продажната мрежа на Мктикетс, официјалниот фан шоп клуб во Тетово и киоск Монако во Тетово. Од понеделник билети ќе може да се набават и во Скопје.

Од Шкендија информираат и дека сите нивни навивачи ќе може да купат билети и за првиот натпревар меѓу двата тима кој се игра на 17. август во Милано преку официјалната интернет страница на Милан.

Се вчитува...