Шкендија има одлична ждрепка за 3. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига, зa разлика од Шкупи кој доби нешто потежок протививник доколку успее да ја мине втората рунда натпревари.
Доколку тетовци ја минат летонска Рига во второто коло, во третата рунда натпревари ќе се соочат со подобриот од пресметката меѓу Фолгоре од Сан Марино и Хибернианс од Малта. Извонредна можност за црвено-црните да продолжат на патот до групите во ова европско натпреварување.
Шкупи, пак, ако во второто коло биде поуспешен од Санта Клара од Португалија, тогаш во третото ќе игра со подобриот од пресметката меѓу словенечка Олимпија Љубљана и Биркиркара од Малта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА