Шкендија со триумф над Копер, следен е Хајдук

Фудбалерите на Шкендија успешно ги стартуваа подготовките за новата сезона, славејќи на првиот контролен натпревар што македонскиот вицепрвак го одигра во Терме Чатеж, Словенија.

Ривал на тетовските црвено-црни беше словенечкиот прволигаш Копер, кого Шкендија успеа да го совлада со 2-1, со два гола постигнати во второто полувреме.

Копер имаше предност по првиот дел со голот на Ирабор во 11. минута, но Шкендија направи целосен пресврт, најпрвин преку Спахиу израмни на 1-1 во 50. минута, а потоа во самиот финиш дојде до триумф благодарениена погодокот на Трумчи во 89. минута.

Следен противник на Шкендија ќе биде хрватскиот гигант Хајдук, а тетовци до крајот на овие подготовки ќе се сретнат и со Целје од Словенија и со украинскиот претставник Зорија.

За потсетување, тетовскиот клуб новата европска авантура ќе ја почне со двомеч со екипата на Европа од Гибралтар.

Се вчитува...