Шкендија со триумф стартуваше на подготовките: Тотре ја реши Олимпија

Македонскиот првак Шкендија успешно ги стартуваше подготовките за настап во Лигата на шампионите. Првиот тест во Словенија е заокружен со минимален триумф (1-0) над Олимпија Љубљана. Стрелец на голот за Шкендија беше младиот играч за врска Енур Тотре во првото полувреме од дуелот.

Во вториот дел, за првпат по седум месеци пауза настапи и напаѓачот Бесарт Ибраими, кој сигурно ќе биде големо засилување за Шкендија за настапите на европска сцена.

Тренерот Ќатип Османи на стартот од натпреварот му даде шанса на следниот тим: Реџепи, Мурати, Муслиу, Чешмеџиев, Мици, Хусмани, Алими, Радески, Тотре, Нафиу, А. Ибраими.

Се вчитува...