Фудбалерите на актуелниот шампион на Македонија, Шкендија славеа со убедливи 1-4 на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш во вториот натпревар од денешната програма од 28. коло во Првата фудбалска лига на Македонија.
Гостите од Тетово поведоа со 0-1 уште во 15. минута со погодокот на Анес Меличи. Најдобриот стрелец во историјата на македонскиот шампионат Бесарт Ибраими зголеми на 0-2 во 36. минута, додека до крајот на првиот дел беше и 0-3 со погодокот на Љатифи.
На стартот на вториот дел домаќините намалија на 1-3 преку Стојчев во 49. минута, додека конечните 1-4 беа поставени со автоголот на Вареловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

