Шкендија собира сила да ја победи Рига… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Шкендија го одработија официјалниот тренинг на националната арена „Тодор Проески“ пред утрешниот реванш натпревар со летонската Рига во 2. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига.

Тетовци имаат негатива од 0-2 по првиот натпревар, но веруваат дека имаат и сила и квалитет да ги елиминираат Летонците.

Во позитивно расположение беше и денешниот тренинг, носен од вербата дека може да се дојде конечно до позитивен резултат ова лето на европската сцена.

 

Се вчитува...