Шкендија во интензивни преговори за ангажман на Фелипе и Хасани!

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани и Бразилецот од Вардар, Хуан Фелипе се двете имиња околу кои е фокусот на Шкендија за засилување на тимот за настапите во квалификациите за Лигата на шампионите ова лето.

Тетовци веќе не кријат дека се во преговори за враќање во клубот на Хасани, а една од желбите е и Хуан Фелипе кој го заврши краткиот договор со Вардар оваа пролет па веќе е слободен фудбалер.

Покрај Фелипе, Вардар по крајот на актуелната сезона останува и без Горан Попов, Евгениј Новак, Даниел Аврамовски, Кларенс Битанг и Вилијан Лира кои се или со завршени договори или ќе бидат ослободени. Дел до нив веќе се најавуваат и за пооделни македонски прволигаши кои се заинтересирани за нивните услуги, пред се Шкупи и Македонија ЃП кои треба да го претставуваат македонскиот фудбал на европската сцена ова лето.

Со завршени договори во јуни 2019 година кај Вардар се и Владица Брдаровски, Дарко Мицевски, Филип Најдовски и Коста Манев, но со нив, според најавите, се очекува да биде продолжена соработката.

Се вчитува...