Шкендија загуби од Хајдук на првиот меч од младинската Лига на шампиони

Македонскиот шампион во младинска конкуренција, екипата на Шкендија загуби од сплитски Хајдук со 0-2 (0-1) на првиот натпревар од почетното коло во европската младинска Лига на шампиони.

На натпреварот кој се одигра на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, младите фудбалери на Хајдук триумфираа со головите на Чуиќ во 29. минута и во 56.минута од средбата.

Играчите на Хајдук имаа повеќе од играта на дуелот, но Беџети беше одличен на голот на Шкендија спречувајќи и поубедлив пораз. Убава шанса за погодок за тетовци имаше Каба Јакупи во првиот дел, но одбрани противничкиот голман.

Реванш дуелот во Сплит се игра на 20. октомври.

Се вчитува...