Шкодран Мустафи се враќа во Серија А

Германскиот интернационалец Шкодран Мустафи е пред враќање во италијанската Серија А. Мустафи не се наоѓа во замислите на Микел Артета во новата сезона во Арсенал, па поради тоа до крајот на преодниот рок се очекува да го напушти „Емирејтс“.

Тој е пред кам-бек во Калчолигата, првенство во кое во периодот од 2012 до 2014 настапуваше за Сампдорија. Најголем фаворит за неговиот потпис е Лацио, тим на кој амбициите му се уште повисоки по одличната мината сезона во која обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Покрај Лацио 28-годишникот е и на радарот на Наполи, кој бара замена за Калиду Кулибали кој најверојатно ќе го напушти клубот и ќе премине во Манчестер Сити.

Се вчитува...