Шкотска со селектор Белгиец против Македонија во Лигата на нации

Белгиeцот Себастијан Покоњоли е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Шкотска, објави официјално Фудбалската асоцијација на Шкотска.

Во соопштението се наведува дека Покоњоли (39) потпишал двегодишен договор и ќе ја предводи Шкотска во претстојниот циклус од Лигата на нации, кој стартува веќе следниот месец, и тоа во групата со Македонија, во која се уште и Швајцарија и Словенија.

Белгискиот тренер го тренираше Монако од октомври 2025 година до 1 јуни оваа година, а претходно го предводеше Унион Сен Жил до титулата во белгиското првенство во сезоната 2024/2025.

Како тренер, тој работеше во младинските селекции на Унион, Генк и белгиската репрезентација.

Шкотска е без менаџер од 28 јуни оваа година, откако Стив Кларк поднесе оставка по елиминацијата на репрезентацијата во групната фаза на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Се вчитува...