Шкртел и кажал „НЕ“ на Барселона

Словачкиот интернационалец Мартин Шкртел, кој е член на Фенербахче, ја одбил понудата на Барселона да се пресели на „Камп Ноу“ во зимскиот преоден рок. Тренерот Ернесто Валверде посакувал да го има во тимот поранешниот играч на Ливерпул, но 34-годишниот дефанзивец потенцирал дека се чувствува одлично во Истанбул и се заблагодарил на понудата.

Шкртел во 2016 година го напушти „Енфилд Роуд“ по осум сезони во дресот на Ливерпул и одлучи да замине во Фенербахче. Тој не сакал да биде резерва во Барселона и ја одбил оваа примамлива понуда на крајот од кариерата да заигра на „Камп Ноу“.

Барселона сакаше да ја зголеми конкуренцијата во одбраната поради повредата на Самуел Умтити и заморот на Жерар Пике. Откако не доби позитивен одговор од Шкртел, каталонскиот тим се насочи кон Џејсон Мурилјо од Валенсија и го доведе како позајмен играч.

Се вчитува...