Шкупи без поголеми проблеми дојде до победа од 2-0 против Вардар во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига, на тој начин издвојувајќи се осамен на лидерската позиција во шампионатот, по поразот на Шкендија на дербито во Струга.
На теренот на Чаир, на огромно задоволство на бројната навивачка публика на Шкупи, лидерот во шампионатот дојде до предност со голот на Арби Воша во 25. минута од средбата.
Шкупи беше подобар и во вториот дел, создавајќи неколку убави можности кои не ги искористи, за да конечно по акцијата на Воша и одличната асистенција на Тошевски, Кука од само неколку метри погоди во празната мрежа на гостите.
ПМФЛ – 13. КОЛО
Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР 2-0
Воша 25′, Кука 74′
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 2-1
Компаоре 74′, Радески 75′ – Красниќи 54′(п)
ВЧЕРА
Штип: БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-3
Велкоски 50′, Калпачки 54′ – Мишевски 23′, Стојков 26′, Алији 44′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-0
Деспотовски 54′
Кавадарци: ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 2-2
Спахиу 38′, Ивановски 90’+1 – Абдула 12′, Атиемвен 34′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – АП БРЕРА 1-1
Јашароски 61′ – Галевски 65′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА