Шкупи доведе двајца млади фудбалери од Гостивар

Ардит Илјази и Џемаил Есати потпишаа четиригодишни договори со македонскиот прволигаш Шкупи. Илјази и Џемаили во Шкупи доаѓаaт од второлигашот Гостивар. Двајцата имат по 18 години. Илјази е стопер, а игра и на позицијата десен бек, додека Есати играч од среден ред.

„За мене е посебно чувство, бидејќи веќе сум дел од тим со голема традиција во нашата земја и горд сум што ќе играм покрај „Шверцерите“. Како млад играч во голем клуб, се надевам дека ќе ја добијам довербата на тренерот и верувам во постигнување на добри резултати“, вели Ардит Илјази.

Џемаил Есати верува дека го направил вистинскиот чекор.

„Чувството за потпишување со Шкупи е нешто посебно и многу сум среќен што постигнав договор со клубот кој има славна историја со многу освоени трофеи. Во Шкупи има добра атмосфера и едвај чекам да дебитирам со тимот да го дадам најдоброто од себе“, вели Џемаил Есати.

Се вчитува...