Шкупи е најубедливата македонска екипа на стартот од европското лето (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкупи е најубедливата македонска екипа на стартот од европското лето. Чаирчани по првите натпревари се и екипата со најголеми шанси за пласман во следната рунда од УЕФА Конференциската лига.

Токму затоа и очекувано беше славјето на фудбалерите на Шкупи вечерва на арената „Тодор Проески“ по победата од 2-0 против косовски Лапи.

Позитивен резултат има и Струга Трим Лум кој со 1-1 се враќа од гостувањето против Лиепаја во Летонија, а надежи остануваат и за кратовски Силекс кој има 1-1 против молдавски Петрокуб. Во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, Шкендија на домашен терен загуби (0-1) од словенечка Мура.

 

Се вчитува...